Мусовски: Отсекогаш сакав да играм за Македонија, тоа во 2020 беше погрешно протолкувано!

by riste
1 минути читање

Дени Мусовски е еден од дебитантите на списокот на селекторот Гоце Седлоски, напаѓачот на Сиетл Садерс зборуваше и за случајот во 2020 година.

Во интервју за „Флешскор“, Мусовски рече дека отсекогаш сакал да игра за Македонија, а тоа што одбил повик во 2020 година било само сплет на околности.

„Не бев незаинтересиран. Во 2020 година само што дојдов во МЛС лигата и играв плеј-оф со својот тим каде што бев стартер. Добив повик за пријателски натпревар додека во тек беше плеј-офот и веројатно тоа погрешно беше протолкувано. Никогаш не било дека не сакам да играм за Македонија, напротив за мене тоа е чест на кој сум многу благодарен. Светското првенство е врв за секој фудбалер, тоа е најголемиот спортски настан“, изјави Мусовски.

Тој верува дека Македонија може да ја победи Данска во Копенхаген.

„Секој професионален фудбалер верува во победа, одиме во Данска по победа. Тие се силен тим, но и ние имаме квалитет. Ако одиграме добро можеме да дојдеме до позитивен резултат и пласман на Светското првенство“, верува Мусовски.

Мечот меѓу Данска и Македонија се игра во четврток на 26. март.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×