Мусолини пак е во мода: Во Италија одново се скандира озлогласеното презиме! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Озлогласеното име на италијанскиот фашистички лидер Бенито Мусолини во минатото беше многу популарно во Италија. Лидерот на Фашистичката партија на Италија беше силно поддржан на „чизмата“, а сега дојде време неговото презиме одново да се врати во мода.

Причината сепак е многу посветла и поубава. Се работи за правнукот на поранешниот фашистички лидер, Романо Флоријани Мусолини кој игра фудбал во Серија Б за Јуве Стабиа.

21-годишникот е позајмен од Лацио во овој второлигаш, а на терените викендов беше стрелец на единствениот гол во победата на Јуве Стабиа против Чезена (1-0). Поради тоа, околу 5.000 гледачи на трибините го скандираа презимето на Мусолини, инспирирани од спикерот кој го извикуваше неговото име во славјето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани