Вчерашниот
тренинг беше прв за младиот 22 годишен Гостиварчанец од редовите на Вардар,
стоперот Висар Муслиу, тој прв пат се најде во тренинг кампот на Вардар, притоа
не ги криеше импресиите од условите за работа.
„Прв пат сум во
тренинг кампот на Вардар, и навистина сум импресиониран од ова што го гледам.
Соблекувалните, собите, ресторанот, просториите за масажа, базените… Вакви
услови имаат само големите европски клубови. Свој камп, свои терени, освен
Вардар, нема никој во Македонија. Чест ми е што ќе имам можност да тренирам
тука. Тука сите играчи се чувствуваат како вистински професионалци“ изјави за
официјалниот сајт на клубот, Муслиу кој во редовите на Вардар дојде од Ренова,
притоа потпиша тригодишен договор.
Минатиот месец
пренесовме за тоа како швајцарските медиуми пишуваа за тоа што пропуштил Сент Гален од Висар Муслиу.