Муслиу: Тоа што не игра Лукаку, не менува многу!

by riste
1 минути читање

Македонскиот дефанзивец, Висар Муслиу очекува тежок меч против Белгија за која вели дека нема да не потцени и смета дека тие играат тимски, па отсуството на Ромелу Лукаку нема да има влијание.

Македонија утре (петок) со почеток од 20:45 часот гостува на Белгија во исклучително важен натпревар за пласман на Светското првенство.

„Нема да имаме лесна мисија, тоа си го знаеме. Ако го нема Лукаку, има други како Опенда и Батшуаји. Не се на неговото ниво, но се фудбалери од Лигата на шампионите. Мислам дека нема многу да се промени ако го нема, затоа што Белгија е квалитетна. Не играат поединци, туку игра тимот. Како тим треба да се спротивставиме на една од најдобрите селекции. Мора да бидеме на исто ниво како во Скопје и да бидеме на нивото“, изјави Муслиу.

„Белгија си има свои математики, не знам што мислат за нас. Но тие покажаа голем респект за нашата репрезентација. Тоа автоматски значи дека и за нив е многу важен натпревар и многу сериозно не гледаат како противник,“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×