Муслиу: На секој натпревар одиме на победа

by
1 минути читање

Висар Муслиу е еден од оние играчи кој настапи за младата репрезентација на Европско првенство, но свесен е дека сениорското континентално натпреварување е нешто сосема поинакво.

„Чувството е прекрасно. Имам малку искуство од ЕП У21, но ова е друго. Желбата е голема, тоа може да се види и на тренинзите. Со нетрпение го очекуваме првиот натпревар на ЕП и се надевам дека ќе биде се во ред“, вели Муслиу.

„На секој натпревар мора да има притисок, без разлика дали играме со Германија или Лихтенштајн, на секој натпревар одиме на победа. Мислам дека секоја селекција треба да има почит за нас, ние имаме наш план, наша тактика и тоа треба да го покажеме на терен“.

„Тука се е добро, ни фали само Барди поради вирусот, се надеваме дека ќе ни се приклучи брзо. Што се однесува до атмосферата, кажуваат резултатите, ако немаш добра атмосфера, нема да имаш ни резултати“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×