Мусиала се огласи по тешката повреда и испрати порака до Донарума

by bojan
1 минути читање
Мусиала заработи тешка повреда по еден дуел со Донарума

Младата ѕвезда на Баерн Минхен, Џамал Мусиала се огласи по тешката повреда која ја заработи против ПСЖ на Светското клупско првенство, Германецот се заблагодари за поддршката и одби да го обвини голманот Џиџо Донарума.

Џамал Мусиала го чека долга пауза (барем до крајот на годината) откако на пресметката помеѓу Баерн Минхен и ПСЖ во САД заработи тешка повреда по еден дуел со Џиџо Донарума (скршена фибула и скинати лигаменти).

Мануел Нојер веднаш го нападна својот колега од таборот на „светците“, и рече дека немало потреба така да влезе во дуелот, преземал преголем ризик иако немало потреба од тоа.

Сепак, Џамал Мусиала не гледа така на работите и одби да го обвини Џиџо Донарума за тоа што му се случи.

„Сакам да ви се заблагодарам за поддршката и љубовта која ми ја покажавте, ми значи многу. Убаво е да се види како светот на фудбалот се обединува во вакви моменти, и навистина сум благодарен. Операцијата е успешна, добивам одлична грижа. Никој не е виновен. Вакви ситуации се случуваат од време на време. Ќе го искористам претстојниот период за да се опоравам – и физички и ментално“ – кажа младата ѕвезда на Баерн Минхен во видео објавено на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×