Мусиала пак колабираше на теренот, вторпат во три дена

by riste
1 минути читање

Ѕвездата на Баерн Минхен, Џамал Мусиала, се чини дека има поголеми проблеми отколку што се мислеше, тој вторпат во три дена колабира срде натпревар, овојпат против Хајденхајм.

По само четири минути откако влезе во игра, Мусиала падна без никаков контакт со играч. Лекарскиот тим веднаш дотрча на теренот, а фудбалерите формираа круг околу него.

По укажаната помош, тој се упати надвор од теренот.

Пред три дена истото му се случи на пријателски меч за Баерн Минхен против Лајпциг. Тогаш се веруваше дека е од топлото време. Но, денешниот меч се играше во вечерен термин.

Се очекува во наредниот период врз Мусиала да бидат направени детални тестови пред тој повторно да се врати на теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×