178
Тензични моменти
на клупата на Милан во победата од 1-0 над Торино. Во финишот на првиот дел
Симон Кјаер се повреди, а Стефано Пиоли му нареди на Матео Мусакио да се подготви
и да истрача на теренот.
Аргентинецот сепак
одби да влезе, имаше дискусија со тренерот по која Стефано Пиоли остана лут и
го повика младиот Габија. По крајот на натпреварот, стратегот ја смируваше
ситуацијата и објасни што се случувало.
„Мусакио
почувствувал болка во листот на ногата на загревањето, и затоа не можеше да
влезе во игра. Нема никаков случај. Габија е играч на кој можеме да се
наслониме, влезе на теренот со правилен пристап, работи напорно и ја заслужи
оваа сатисфакција“ – вели Стефано Пиоли.