Мурињо: Знаеме што му направивме на кралот на ЛШ, тие се ранети, а ранетиот крал е опасен!

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо вели дека знае што го чека во двомечот против Реал Мадрид во баражот во Лигата на шампиони и додава дека резултатот од првиот натпревар не е толку важен, со оглед на тоа дека ќе има и реванш.

Бенфика и Реал Мадрид го одиграа најлудиот натпревар во последното коло во групната фаза во Лигата на шампиони.

Популарните „орли“ со голот на голманот Трубин во 98. минута стигнаа до победа од 4-2, која беше доволна да го фатат последниот воз за бараж. Поразот пак за „кралевите“ значеше испаѓање од топ 8 на табелата.

Судбината потоа замеша прсти во ждрепката, и ги спои токму Бенфика и Реал Мадрид во баражот.

„Знаеме што му направивме на кралот на Лигата на шампиони, тие се ранети, а ранетиот крал е опасен!“ – вели Жозе Мурињо.

„Ќе го одиграме првиот натпревар со ладни глави, амбициозно и со голема самодоверба“.

„Не треба да заборавиме дека ова е само првото полувреме од пресметката, тоа што ќе се случува на „Луж“ е само половина од приказната“.

„Резултатот во вторник ќе биде само делумен исход што ќе влијае, но нема да го одреди она што ќе се случува на реваншот на „Бернабеу““.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×