Мурињо: Жалам што не заминав од Рома по финалето во Лига Европа

by Стефан
1 минути читање

Жозе Мурињо со Рома освои европски трофеј, но на крајот разделбата сепак не беше пријателска.

Во изјава за медиумите пред крајот на годината Мурињо зборуваше за што жали во текот на кариерата, а една од работите е што не ја напуштил Рома по освоениот трофеј во Лига Европа.

„Има неколку работи за кои жалам во кариерата меѓу кои и тоа што си заминав од Реал и покрај тоа што Флорентино Перез ме убедуваше дека најдоброто допрва доаѓа. Сакав да се вратам во Челси и тоа ми беше водилка. Потоа, жалам што не си отидов од Рома по поразот во финалето од Лигата Европа. Требаше веднаш да поднесам оставка, но не го направив тоа и сега ми е жал“, рече Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани