Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо вели дека тој најмалку има право да го критикува дефанзивниот приспта на Бенфика, се потсети на неговите тактики против Барселона кога го „парикраше автобусот“.
Фенербахче и Бенфика синоќа одиграа 0-0 во Истанбул во првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на шампиони.
Гостите не беа премногу заинтересирани за надигрување, се решија за дефанзивен пристап, кој особено стана очигледен во завршните 20 минути кога Флорентино заработи втор жолт картон и беше исклучен.
„Едниот тим сакаше да одигра нерешено, и го доби тоа. Другиот тим сакаше да победи, но не успеа“ – вели Жозе Мурињо.
„Нивната тактика беше фокусирана на одбрана. Тоа е нивно право, со оглед на тоа каков е влогот. Стигнаа до резултатот кој го сакаа“.
„Кој сум јас да ги критикувам? Еднаш играв со 10 дефанзивци против Барселона“.
ФОТО: X/Fenerbahçe SK