Жозе Мурињо се врати во Бенфика по 25 години и потпиша договор до летото 2027, но португалските медиуми откриваат интересен детал. Во договорот постои клаузула според која двете страни можат да го раскинат соработка веднаш по завршувањето на оваа сезона, во рок од десет дена.
Со тоа, доколку не биде задоволен од резултатите, клубот би можел да се раздели со многу помали трошоци, а истото важи и за Мурињо ако реши да си замине.
„Специјалниот“ веќе има собрано повеќе од 100 милиони евра само од обесштетувања по откази.
Најмногу пари Мурињо заработи од отказите во Челзи (прво 20,8, па 9,6 милиони евра). Солидна сума од 22,7 милиони доби и од Манчестер Јунајтед, па следуваат Реал Мадрид (19,7), Тотнем (17,4), Фенербахче (8,9) и Рома (3,5).