Мурињо во Бенфика пристигна со подарок од Роман Абрамович вреден 250.000 фунти (ФОТО+ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Жозе Мурињо денеска стави потпис на договорот со Бенфика, „специјалниот“ пристигна со стил и во Ферари 612 Скаљети, автомобил подарок од поранешниот сопственик на Челси, Роман Абрамович.

„Специјалниот“ се врати во Бенфика, клубот каде што пред 25 години ја имаше првата тренерска авантура.

Попладнево тој пристигна во тренинг центартот за да стави потпис на договорот, и тоа го направи во голем стил, седеше зад воланот на автомобил Ферари 612 Скаљети.

За овој автомобил се пишува дека е подарок од поранешниот сопственик на Челси, Роман Абрамович.

Рускиот милијардер го купил овој автомобил во 2008 за околу 250.000 фунти, со цел да му се извини на Жозе Мурињо за отказот даден на почетокот од сезоната 2007/08, и со намера двајцата да ги испеглаат лошите односи.

ФОТО: X/SL Benfica

Можно е и ова да ти се допаѓа

×