Мурињо: Во 35 години кариера вакво нешто не сум видел

by riste
1 минути читање

Екипата на Фенербахче славеше победа од 2-1 над Хајатаспор, но тренерот Жозе Мурињо по натпреварот искажа незадоволство од ситуацијата во турскиот фудбал.

Португалскиот стратег порача дека ситуација како во Турција не видел никогаш претходно во неговата кариера. Впечаток е дека се форсира тимот на Галатасарај поради што Фенербахче во текот на минатата сезона дури размислуваше и за напуштање на турското првенство. Сега Мурињо се увери и самиот во тоа.

„Се што можам да кажам е дека по 25 години кариера како тренер и уште десет како аистент никогаш не сум видел вакво нешто. Ова не е ситуација во која клубот може да уништи толку силен систем. Ова е лигата за која сонува секое дете тука, ако сте задоволни со тоа што се случува, ништо не може да се направи“, вели Мурињо.

„На натпреварот сите извикуваа: Скандал, скандал, скандал…Тука сите го сакаат тој збор дури и победниците и тоа е најлошо”.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани