Мурињо со лекција за помладата генерација: Пред 40 години, кога врнеше, топката беше 10 кг… сега лета

by bojan
1 минути читање

Жозе Мурињо објасни зошто не му се допаѓа дебатата за тоа кој е најдобар фудбалер на сите времиња, вели дека помладата генерација навивачи нема доволно познавање за мајсториите на Пеле, Еузебио или Бекенбауер, ниту пак условите за игра пред 40 години.

Кога во денешно време се прави дебата за најдобриот фудбалер на сите времиња, први на листата се Лео Меси и Кристијано Роналдо.

Но на Жозе Мурињо не му се допаѓа ова, смета дека помладите генерации навивачи немаат доволно познавање за играчи како Пеле, Еузебио или Бекенбауер, ниту пак условите за игра пред 40 години.

„Не ми се допаѓаат овие дебати, а сметам дека и не се фер. Помладите генерации слушнале Пеле, Еузебио или Бекенбауер, но не ги дознаваат доволно. Исто така, нема споредба помеѓу фудбалот во тоа време и денешниот фудбал. Некои од деталите се прилично смешни“  – вели „специјалниот“.

„Пред 40 години, кога врнеше, топката тежеше 10 килограми… сега таа лета“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×