Мурињо со јасна порака: Ако Престијани испадне виновен, неговата кариера со мене е завршена!

by bojan
1 минути читање

Жозе Мурињо сакаше да расчисти одредени работи за скандалот на мечот помеѓу Бенфика и Реал Мадрид и обвинувањата дека Џанлука Престијани на расна основа го навредил Винисиус Жуниор.

„Специјалниот“ доби многу критики по скандалот кој изби на мечот помеѓу Бенфика и Реал Мадрид, кога Винисиус Жуниор се пожали дека бил навреден на расна основа од Џанлука Престијани.

На средбата со новинарите, Жозе Мурињо сега прача дека во целиот тој хаос многумина заборавиле на презумцијата на невиност и додаде дека кариерата на Аргентинецот ќе биде завршена доколку на крајот се докаже вина.

„Ако се докаже дека мојот играч не ги почитувал овие принципи, кои се мои и на Бенфика, неговата кариера со мене е завршена. Ако навистина е виновен, никогаш повеќе нема да го гледам на ист начин и тој нема што повеќе да бара тука, барем додека јас сум тренер“ – вели Мурињо.

Тој потоа рече: „Не сум адвокат, но не сум ни неук. Дали презумцијата на невиност е човеково право или не?“

Можно е и ова да ти се допаѓа

×