256
Жозе Мурињо заедно со луѓето од Фенербахче работат на трансфер на фудбалер од Реал Мадрид.
Се работи за 33-годишниот Лукас Васкез кој оперира по десната страна, може да игра и како бек, но и како крило.
Со исклучок на една сезона помината во Еспањол на позајмица, Васкез целата своја кариера ја има минато во Реал Мадрид.
Жозе Мурињо ќе се обиде лично да го убеди да ја прифати понудата, а информациите велат дека преговорите се веќе почнати.
Португалецот има одлични конекции со Реал Мадрид, па ќе се обиде да ги искористи.