137
Жозе Мурињо сака да го врати Карим Бензема во Европа, славниот француски напаѓач би можел да го облече дресот на Бенфика.
Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо покажал голем интерес за услугите на поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и наскоро се очекува да имаат преговори.
Бензема влегува во последната година од договорот со Ал-Итихад, каде што заработува вистинско богатство, но наводно е расположен за враќање во Европа.
Како главен адут на Бенфика во преговорите се споменува Мурињо, кој има добри односи со искусниот напаѓач.