Мурињо преку инстаграм на досега невиден начин се пожали на судењето во Турција! (ВИДЕО)

by riste
8 минути читање

Жозе Мурињо продолжува да измислува нови начини како да каже што мисли за судењето, овојпат го направи тоа преку инстаграм пост.

Вчера играа Галатасарај и Башакшехир во Купот на Турција, мечот заврши 2-2.

Во една ситуација домаќините требаше да добијат црвен картон поради удар со отворен ѓон, но не добија.

Мурињо објави видео од тој момент и му се обрати на фудбалерот на Башакшехир кој го доби силниот удар. Тој е португалски играч кој токму од Фенербахче минатото лето се пресели во овој клуб.

„Драг Мигуел Креспо, се надевам дека си добро и дека твоите костобрани се направени од карбон“, напиша Мурињо.

Галатасарај е главниот конкурент на Фенербахче во Турција, а веќе неколку години наназад се добива впечаток дека овој клуб има поддршка од судиите. Поради тоа во текот на минатата година во Фенербахче дури имаше и состаноци на кои се одлучуваше за евентуално излегување од лигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани