Пред крајот на 2019 година Жозе Мурињо пристигна во Тотнем, Деле Али кој претходно имаше проблем и со Покетино, брзо го расипа односот и со Португалецот.
Мурињо не беше задоволен од залагањата на Деле Али на тренинзите, па Англичанецот имаше се помала минутажа на теренот, за на крајот комплетно да биде исклучен од тимот.
На почетокот Мурињо се надеваше дека може да го извади потенцијалот на Деле Али и тој повторно да заигра на највисоко ниво. Во тој период го викна на состанок и му одржа лекција.
„Јас имам 56 години, а вчера, вчера, имав 20. Времето лета. Мислам дека еден ден ти ќе жалиш ако не го достигнеш она што можеш да го достигнеш. Не очекувам од тебе да бидеш играч на натпреварот на секој меч. Не очекувам од тебе да постигнуваш голови на секој натпревар. Сакам само да ти кажам дека ќе жалиш. Ти треба да бараш повеќе од себе. Не јас да барам повеќе од тебе, не јас, не никој. Туку ти да бараш повеќе од тебе“, му рече тогаш Мурињо.
За жал кариерата на Деле Али постојано одеше во надолу и дојде до степен кога тој на 29 години размислува да се пензионира.
Mourinho warned him💔 pic.twitter.com/On25T42q2w https://t.co/phBPrV3rHv
— (fan) Trey (@UTDTrey) August 2, 2025