Жозе Мурињо и во втората сезона на кормилото на Фенербахче остане без настап во Лигата на шампиони, вечерва беа поразени со 1-0 на гостувањето кај Бенфика.
„Специјалниот“ ќе има што да каже откако Фенербахче со 1-0 загуби на гостувањето кај Бенфика и доживеа елиминација во Лигата на шампиони.
Популарните „орли“ вечерва за нијанса беа подобар противник, разликата ја направи голот на Актуркоглу, кој ја затресе мрежата во 35. минута и донесе голема радост на „Луж“.
Фенербахче во продолжението прикажа премалку, не упати ниту еден удар во рамките на голот, па ќе мора да се помири со настап во Лига Европа.
Во лигашкиот дел пласман обезбедија и Клуб Бриж, кој со 6-0 го совлада Ренџерс, како и Копенхаген, кој со 2-0 славеше против Базел.
ФОТО: X/SL Benfica