Мурињо покажа емотивна страна: Заплака пред меч за својот долгогодишен соработник (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, не ги сокри емоциите пред почетокот на натпреварот против Виторија Гимараеш во португалското првенство.

Португалскиот стратег се расплака за време на минутата молк, која беше посветена на неговиот поранешен долгогодишен соработник Силвино Лоуро. Двајцата соработуваа цели 18 години, од 2000 до 2018 година.

Лоуро беше тренер на голмани во сите клубови во кои работеше Мурињо во тој период, меѓу кои Порто, Реал Мадрид, Челси, Манчестер Јунајтед и Интер. Заедно освоија 23 трофеи, вклучувајќи две Лиги на шампиони, три титули во Премиер лигата, Лига Европа и Купот на УЕФА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×