Eкипата на Евертон во текот на вчерашниот ден го отпушти менаџерот Шон Дајч и сега е во потрага по негов наследник, а според последните информации од Островот опција е и Португалецот Жозе Мурињо.
Претходно се пишуваше дека Дејвид Мојс е најблиску до клупата на Евертон кој не игра добро од стартот на сезоната, меѓутоа се појави и името на португалскиот стратег.
Евертон по 19 натпревари во најсилната англиска конкуренција има само 17 бодови што е еден повеќе од Ипсвич кој е во опасната зона.
Мурињо последниот ангажман во Премиер лигата го имаше пред три ипол години и во овој момент го води тимот на Фенербахче во турската Суперлига. Во Евертон наводно веруваат дека Мурњо може да го стабилизира тимот и со дисциплината да придонесе за успех.
Покрај Мурињо и Мојс како кандидати се наведуваат уште: Пауло Фонсека, Герет Саутгејт и Ли Карсли.