Португалскиот стратег Жозе Мурињо имаше интервју за италијанските медиуми во кое ја откри својата најголема грешка во кариерата.
Во периодот пред да замине од Реал Мадрид, тој откри дека првиот човек на клубот Флорентино Перез сакал да го задржи на клупата. Сепак, желбата да се врати во Челси била пресудна за Мурињо и признава дека погрешил.
„Тогаш му кажав „НЕ“ на Флорентино Перез кој ми зборуваше да останам во Реал Мадрид. Поради тоа сè уште се каам. Тогаш ми рече: Немој да одиш, го одработи најтешкиот дел, сега доаѓа најубавото. Остани во Реал Мадрид. Сепак, јас сакав да се вратам во Челси по три тешки години во Мадрид и ја направив најголемата грешка кога му кажав дека заминувам“, изјави Мурињо.
Преодот од 2024 во 2025 година понуди интересни ситуации. Златан Ибрахимовиќ призна грешка и јавно се извини за начинот на отпуштање на Пауло Фонсека, а сега како ретко кога во кариерата и Жозе Мурињо призна своја грешка.