Жозе Мурињо ги отфрла теориите на заговор кој доаѓаат од Турција дека тој намерно загубил од Бенфика за да се пресели во овој клуб.
Некои фанови на Фенербахче, па дури и фудбалски аналитирачи од Турција излегоа со теорија на заговор како Жозе Мурињо намерно изгубил од Бенфика за да се врати во својата земја и со португалскиот клуб да игра во Лигата на шампионите.
Но, Мурињо не си даде сам оставка, туку го отпуштија, а и доколку Бенфика не загубеше од Карабах, Бруно Лаж се уште ќе беше тренер на тимот.
Португалецот сега го кажува тоа што е логично, дека немал контакт со Бенфика се додека тие не го загубеле мечот од Карабах, тогаш му се јавил Руи Коста.
„Немаше никаков контакт меѓу мене и Бенфика додека бев во Фенербахче. Кога Бенфика загуби три бода против Карабах, јас бев во Барселона со мојата сопруга и следниот ден, претседателот Руи Коста ми се јави“, открива Мурињо.
„Тој ме праша културно „Г-дине дали воопшто вреди да зборуваме?“. Одлуката била донесена, јас не ни знаев дека одлуката веќе била донесена. Му реков дека може да зборуваме. Ме праша кога доаѓам во Португалија, му реков до крајот на денот“.