Жозе Мурињо е пред враќање во Лигата на шампионите, Португалецот веројатно ќе води португалски тим, во завршни преговори е со Бенфика.
По вчерашната бламажа во која Бенфика имаше водство од 2-0, а загуби со 3-2 на свој терен од Карабах, Бруно Лаж доби отказ.
Португалскиот клуб преговара со Мурињо и според информациите од оваа земја тие се во напредна фаза.
Мурињо сака веднаш да се врати на работа и ја отворил вратата за преземање на Бенфика.
Се очекува наскоро да биде постигнат договор и Португалецот да го преземе гигантот од Лисабон.
Интересно, токму Бенфика го елиминираше Фенербахче во плејофот за пласман во Лигата на шампионите, а Жозе Мурињо ќе стане тренер токму на овој тим и ќе игра во елитното натпреварување.