Мурињо: Ме казнија поради лага, тоа беше комедија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Жозе Мурињо остро реагираше по суспензијата која ја доби во Португалија, нарекувајќи ја „трагикомедија“ базирана на „лажа“, по инцидентот на натпреварот меѓу Бенфика и Порто кој заврши 2-2. Португалскиот стратег беше исклучен во финишот од натпреварот, откако беше обвинет дека ја шутнал топката кон клупата на противникот. Воедно, влезе и во вербален конфликт со помошникот на Порто, Лучо Гонзалез што дополнително ја вжешти ситуацијата.

По црвениот картон, Мурињо доби суспензија од еден натпревар, како и дополнителна казна од 11 дена поради инцидентот. Тој не беше на клупата и при драматичната победа на Бенфика против Аруука од 2-1, но вчера се врати на клупата за мечот со Виторија Гимараеш

Судијата тврди дека сум ја шутнал топката кон клупата на Порто, што е целосна лага. Јас ја шутирав кон трибините, како што сум правел многу пати кога славиме голови. Казната ме изненадува затоа што се темели на нешто што не е вистина, снимките јасно покажуваат што се случило. Знам кога судиите се во право, а кога грешат, а ова исклучување е комедија, а казната трагикомедија и неправда“, изјави Мурињо.

И покрај целата ситуација, Бенфика има одлична сезона и по 27 кола во Примеира лига сè уште е без пораз, иако Порто во моментов има предност од четири бода и натпревар помалку во битката за титулата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×