Медиумите од Турција пренесуваат дека Жозе Мурињо оставил неплатена сметка од околу 750.000 евра за престојот во хотелот „Фор сизонс“ додека бил на кормилото на Фенербахче.
„Специјалниот“ предвреме ја заврши авантурата во Истанбул во август месец, по елиминацијата во Лигата на шампиони, Фенербахче му врачи отказ на Португалецот.
Жозе Мурињо си „лапна“ 12-15 милиони отштета за предвремен прекин на соработката, но како што сега пренесуваат медиумите од Труција, стратегот го заглавил Фенербахче и со долг од 750.000 евра.
Имено, Жозе Мурињо во Истанбул живееше во хотелот „Фор сизонс“, и тоа во еден од најлуксузните апартмани и за престојот од 15 месеци направил сметка од околу 36,5 милиони турски лири, или околу 750.000 евра.
Жозе Мурињо живееше во хотел кога беше тренер на Манчестер јунајтед, тогаш направи сметка од нешто над 600.000 евра.