Мурињо киксна на првиот домашен меч за Бенфика!

by riste
1 минути читање

Жозе Мурињо нема идеален старт како тренер на Бенфика, разочарување веќе во вториот меч, а прв на домашен терен во Лисабон откако одигра 1-1 против Рио Аве.

Бенфика денеска на Стад де Луж го пречека Рио Аве во заостанат натпревар од португалското првенство.

Мрежата на Рио Аве беше затресена во 60. минута кога Силва даде гол, но погодокот беше поништен поради фаул од Отаменди.

Конечно регуларен гол беше даден во 86. минута, по асистенција од Лукебакио, Судаков погоди за водство на Бенфика од 1-0.

Се чинеше дека Бенфика сепак го доби овој дуел, но не беше така.

Суден туш се случи во 91. минута кога Андре Луиз реализираше за конечни 1-1.

По шест одиграни кола Бенфика е на третото место со четири гола зад лидерот Порто и еден помалку од градскиот ривал Спортинг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×