Мурињо како прво засилување во Бенфика сака трансфер бомба и легенда на Реал Мадрид?!

by bojan
1 минути читање

Бенфика се поврзува со изненадувачки трансфер и ангажман на Карим Бензема, напаѓачот е една од желбите на Жозе Мурињо, двајцата добро се познаваат од времето во Реал Мадрид.

Жозе Мурињо минатата недела се врати во Бенфика, клубот каде пред 25 години ја имаше првата авантура како тренер.

Медиумите веќе шпекулираат за тоа какви засилувања можат да пристигнат во Лисабон и се говори за изненадувачки трансфер.

Популарните „орли“ се поврзуваат со Карим Бензема, кој ја одработува последната година од договорот со Ал Итихад и може да биде купен и за 5 милиони евра.

Жозе Мурињо и Карим Бензема добро се познаваат од времето во Реал Мадрид, но задачата нема да биде лесна, Французинот ќе треба да прифати драстично намалување на платата.

Интерес за услугите на Карим Бензема пројавуваат и други клубови од Европа, како и од МЛС.

ФОТО: X/SL Benfica

Можно е и ова да ти се допаѓа

×