Мурињо ја доби суспензијата, Португалецот може да биде задоволен од казната!

by riste
1 минути читање

Фудбалската федерација на Турција го суспендираше Жозе Мурињо со три натпревари поради инцидентот кој го направи по дербито со Галатасарај во рамките од турскиот куп.

Мурињо неочекувано го фати за нос тренерот на Галатасарај, а тој падна како покосен. За овој луд гест на Португалецот многумина очекуваа и поголема санкција, но тој помина со само три меча суспензија.

Во предвид е земен фактот што Жозе Мурињо за да го направи тоа што го направи, беше испровоциран од тренерот на Галата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани