221
Eкипата на Фенербахче во вчерашниот натпревар во квалификациите за Лигата на шампионите беше поразена со 2-1 со гол во судиското продолжение.
Славниот Португалец, често пати ги критикува судиите, меѓутоа сега не б еше тоа случај.
„Знам дека сите очекуваат да кажам нешто лошо за судиите, но денеска Глен Ниберг беше феноменален, судеше како некој кој е светска класа“, истакна Мурињо.
Мурињо и покрај поразот, беше задоволен од она што го прикажале неговите избраници.
„Штета за резултатот, но покажавме квалитет. Мислам дека во реваншот можеме да го продолжиме походот кон пласман во Лигата на шампионите“, изјави Мурињо.