Мурињо и Фенербахче за место во ЛШ ќе мора да победат во Португалија, Бодо „пукна петарда“! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Дербито на вечерта о од плеј-оф натпреварите за пласман во Лигата на шампионите, натпреварот меѓу Фенербахче и Бенфика, заврши без голови.

Иако и двете екипи имаа свои шанси, реализацијата изостана, па патникот во групната фаза ќе се решава во реваншот во Лисабон.

Фенербахче беше поблиску до победата. избраниците на Жозе Мурињо имаа и фдбалер повеќе на теренот од 71. минута, откако Флорентино доби втор жолт картон, а Ел Несири во 82. минута погоди, но голот беше поништен поради офсајд.

Од другите натпревари, Бодо/Глимт со убедливи 5-0 против Штурм Грац веќе веројатно си обезбеди место во Лигата на шампионите, Базел и Копенхаген одиграа 1-1, а без голови заврши и средбата меѓу Селтик и Каират.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×