Мурињо експресно казнет, познато колку натпревари ќе биде суспендиран „специјалниот“

by bojan
1 минути читање
Мурињо

Медиумите пренесуваат дека Жозе Мурињо добил четири натпревари суспензија за своето однесување по крајот на дербито помеѓу Галатасарај и Фенербахче.

„Специјалниот“ се најде во центарот на вниманието откако по големото дерби на Истанбул порача дека на домашната клупа скокале како мајмуни и го навлече бесот на Галатасарај.

Како што пренесуваат медиумите, Фудбалската федерација на Турција реагирала експресно и ја одреди казната за тренерот на Фенербахче.

Извештаите велат дека Жозе Мурињо е казнет со два натпревари суспензија поради коментарите „скокаат како мајмуни“, како и додатни два натпревари суспензија за навредливи коментари кон четвртиот судија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани