Фенербахче со убедливи 5-2 го победи Феенорд и со вкупни 6-4 го елиминираше од квалификациите за Лигата на шампионите, во последните години Жозе Мурињо третпат излегува како победник против овој холандски тим.
Мурињо двапати беше поуспешен од Феенорд како тренер на Рома, а сега му пресуди и со Фенербахче. Тогаш тренер беше Арне Слот, а сега на кормилото на холандскиот тим беше Робин Ван Перси.
Феенорд во Истанбул допатува со предност од 2-1, а во 41. минута поведе на денешниот меч со гол на Ватанабе за 1-0.
Но, до крајот на првиот дел резултатот веќе беше во полза на Фенербахче. Најпрво Браун израмни на 1-1, а потоа и Дуран реализираше за 2-1.
По десет минути игра во вториот дел Фред постигна убав гол од далечина за предност на Феенорд од 3-1.
FRED DID WHAT??? pic.twitter.com/23Xo3pknVP
— IM🇵🇹 (@Iconic_Mourinho) August 12, 2025
На 4-1 зголеми Ен Несири со гол во 83. минута, но шест минути подоцна Ватанабе го врати Феенорд во игра намалувајќи на 4-2.
Сепак во судиското продолжение погоди и Талиска кој ги постави конечните 5-2.
Во плејофот од Лигата на шампионите оди и Пафос кој пак го победи Динамо Киев, овојпат со 2-0, Викторија Плзен славеше над Ренџерс со 2-1, но шкотскиот тим во Глазгов победи со 3-0. Копенхаген со 5-0 го понижи Малме.