Мурињо: Знаете како Баерн секоја година ја освојува титулата? Го купува најдобриот играч на Дортмунд

by
2 минути читање

Португалецот во
разговор со Франс Фудбал вели дека тешко може да го повтори успехот на Сер
Алекс Фергусон, кој освои 13 титули од Премиерлигата во 21 година помината на
кормилото на Манчестер јунајтед.

Жозе Мурињо
објаснува дека сите клубови од Англија имаат голема финансиска моќ па
невозможно е да се доминира.

„Во Англија,
клубовите се толку многу финасиски моќни па трансфер пазарот е отворен за сите
– вели „Специјалниот“.

„Ќе го земам за
пример Баерн и Германија. Знаете како тие ја освојуваат титулата секоја година?
Летото пред да почне сезоната ќе го купат најдобриот играч на Борусија
Дортмунд. Прво беше Геце, потоа Левандовски сега Хумелс
.

„Пристигнав во
клуб со голема и престижна историја, но невозможно е да се повторат успесите од
минатото и да се освојуваат титули како што се освојувале претходно
.

„Ниту еден клуб
од Англија, без разлика дали тоа е Манчестер јунајтед, Ливерпул или Манчестер
Сити, повеќе не може да доминира перманентно
.

„Моќта е
поделена. Се е многу потешко: да купите, да победите, да изградите
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани