Португалецот е
голем психолог и знае како да го извади најдоброто од играчите, иако тоа можеби
не беше случајот со неговата последна авантура во Манчестер јунајтед.
Тој со Интер во
2010 испиша историја и на „нероаѕурите“ по долги години им донесе триумф во
Лигата на шампионите, а сезоната ја направи незаборавна со тројна круна и
титули од Серија А и Купот на Италија.
„Во Милано најдов
извонредно семејство кое секој ден од животот ме правеше среќен. Поврзаноста
која ја имавме со фановите донесе резултат, секогаш кога ќе победевме беше како
да сме на меден месец. Освоивме многу и креиравме емпатија која остана и до ден
денес. Кога сум на улица во Лондон, ме приоѓаат интеристи, ме гушкаат и ме бакнуваат.
Во Италија се чувствував како риба во вода, се ми беше природно. Во Англија,
морав да се однесувам различно во многу аспекти. Во Италија не беше така, тие
таму живеат 24 часа за фудбалот“ – вели Жозе за ДАЗН.
„Интер за мене
останува семејство. Некој се уште е фудбалер, некој е тренер, некој е во
пензија а некој на одмор. Но како се уште да го живееме тој момент, како
работите да се случуваа вчера а не пред девет години. Само тренерот не може да
направи нешто специјално, мора целата група да биде специјална. Тие го извадија
најдоброто од мене. На многумина од тие играчи можеби им помогнав да го
достигнат врвот во кариерата, но целата заслува е нивна, самите тие го
постигнаа тоа“.
За тоа каква
атмосфера владеела во тимот и како тој знаел перфектно да ги мотивира
фудбалерите на Интер, Мурињо раскажа една анегдота поврзана со десниот бек
Маикон.
„Пред дуелот со Сиена, ми кажаа дека Маикон планира да пожолти. Веќе имаше
четири картони, патоа ќе му беше петти што значеше и суспензија. Намерно сакал да
прескокне едно коло за да оди на одмор во Бразил за божиќните празници“.
„Му кажав дека
нема шанси да оди доколку заработи петти картон. Тој потоа ме праша, „А
ќе ме пуштиш ли ако дадам гол?“. Му реков „Постигни два гола и слободно оди“. И
постигна два гола. Потоа го соблече дресот, доби картон и суспензија од еден меч но и
екстра недела одмор“.
Настанот за кој зборува Жозе Мурињо е од декември 2008, кога Интер во финишот стигна до победа а потоа следуваше и фамозната прослава на „специјалниот“ кога и тој истрча до навивачите за да слави со Маикон.