204
„Црвените Ѓаволи“
со минимални 0-1 славеа на гостувањето во Виго и направија значаен чекор кон
финалето од Лига Европа.
Херој на
Манчестер јунајтед беше младиот Маркус Рашфорд, кој во вториот дел постигна
прекрасен гол од слободен удар.
„Тој е 19 годишно
момче, ама 19 годишно момче кое е заљубено во фудбалот” – рече Жозе Мурињо по последниот свиреж на Балаидос.
„По крајот на
секој тренинг останува уште половина час за да вежба слободни удари”.
„Стрпливо ја чека
шансата. Има одличен менталитет. Работа, работа, и само работа. Многу е зрел”.
„Заборавите ги
годините, во прашање е квалитет”.