70
Исланд одигра
храбар меч против Аргентина на Светското првенство и освои реми во дуелот
против големиот фаворит, а многумина имаа доста позитивни коментари на нивната
борба на теренот.
За нивното
изненадување говореше и шефот на стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Жозе
Мурињо, кој има своја верзија за тајната на успехот на Исланѓаните на фудбалски
план, нешто што не е ново за нив.
„Мислам дека овие
момци од Исланд јаделе месо уште од времето кога биле бебиња, веројатно за
доручек. Сите се премногу јаки, премногу сигурни во себе. Како тренер, јас
истото се обидувам да го вметнам и кај моите фудбалери“ издвои Мурињо.