Мурињо второто засилување го добива до петок, но ќе остане без капитенот

by
1 минути читање

„Црвените Ѓаволи“
подолго време се во преговори со Реал Мадрид за Алваро Мората и
последните извештаи велат дека двете страни конечно си подале рака за трансфер
вреден 65 милиони фунти.

Алваро Мората ќе
стане второто најскапо засилување на Манчестер јунајтед и најтрофејниот клуб од
Англија очекува зделката да биде комлетирана до петок, односно пред Жозе Мурињо
и играчите да заминат на турнеја во САД.

Но во исто време
клубот од Олд Трафорд ќе остане без капитенот Вејн Руни.

Неколку весници од „Островото“ вечерва пренесоа дека напаѓачот нема да патува за САД и
до крајот на неделата ќе се врати во Евертон, каде ќе добие две годишен договор и неделна плата од 250.000 фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани