На мечот помеѓу
Шефилд јунајтед и Тотнем имаше скандалозна одлука откако ВАР го поништи голот
на Хари Кејн со кој Тотнем веднаш одговори по водството на домаќините.
„Спарси“ загубија
со 3-1, па Жозе Мурињо не го криеше разочарувањето и во свој стил „удри“ по ВАР
и начинот на кој се носат одлуките.
„Обично сум
прилично емоционален на клупата. Но не се жалам на човекот со свирчето… тој
повеќе не е судија. Често не се согласував со одлуките, имав многу поплаки,
одев да се расправам со четвртиот судија. Сега, човекот со свирчето на терен е помошник
судија, а момците и девојките со знаменцата, тие се помошници на помошник
судијата“ – вели Жозе Мурињо.
„Судијата сега е во
канцеларија!’
„Мислам дека
судијата треба секогаш да биде човекот на терен, а луѓето во канцеларијата да му
даваат поддршка, да асистираат. Но работите не функционираат така. Одиме во
правец кој е навистина лош за оваа убава игра во која сите сме вљубени“.