99
На прес конференција по поразот на Интер, Антонио Конте призна дека очекува тешка сезона, потешка од минатата кога ја освоија Премиерлигата и го спомена Мурињо.
„Знам дека ќе биде тешко во идната сезона, се надеваме дека нема да ни се повтори таа од пред две години на Мурињо кога Челси заврши на десетото место“ – изјави Антонио Конте.
На ваквата провокација не наседна Мурињо, туку во негов стил му одговори.
„Не знам што да кажам, би можел да одговорам на многу начини но нема да си ја губам косата зборувајќи за Антонио Конте“ – изјави Мурињо.
Во еден период од животот косата беше посебно чуствителен елемент за Антонио Конте, тој пресадуваше нова коса за да не остане ќелав.