„Специјалниот“
полека и на Олд Трафорд влегува во фазон препознатлив за него, и почнува да
креира проблеми онаму каде што ги нема.
Откако имаше
големи замерки за играчите по поразот од Хадерсфилд и јавно критикуваше повеќе од што
трбеа, истото сега го стори и со навивачите.
Тој имаше замерка
кон фановите зошто не му давале доволна поддршка на Ромелу Лукаку, и можеби
имаше право за ова, но со последните критики отиде малку подалеку.
Во белешките за
дуелот со Бенфика, тој напиша: „Се надевам дека ќе уживате во овој натпревар
повеќе отколку што дел од вас уживаа против Тотенхем”.
Очигледно оваа
вторава критика ги разбранува страстите кај навивачите, кои првиот пат
премолчеа но сега решија да го изразат незадоволството на социјалните мрежи.
„Што му е на
Мурињо, креира проблем онаму каде што го нема! Многу чудно” – напиша еден фан.
„Зошто Мурињо ги
креира овиее негативни вибрации со фановите. Како да сака секогаш да се случува
драма” – напиша друг.
„Мурињо
непотребно креира проблем онаму каде што нема. Навистина чудно” – напиша трет.