Мурињо чека понуда од голем клуб со амбициозен проект за да му се врати на фудбалот, таква засега нема.
Се поврзуваше со клупата на Реал Мадрид, но засега позицијата на Зинедин Зидан е безбедна иако на почетокот од сезоната не изгледаше така.
Но, во последно време се зголемуваат шансите Мурињо да превземе трет клуб во Премиерлигата откако претходно ги водеше Челси и Манчестер јунајтед.
Унаи Емери како полека да ја губи контролата врз тимот, резултатите не се на очекуваното ниво, а капак на се е последната ситуација со Џака која можеби е и слика за актуелната состојба во Арсенал.
Мурињо се почесто се поврзува со Арсенал, и има причини за тоа.
Португалецот е фан на Премиерлигата, живее во Лондон со својата фамилија и приоритет му е да остане таму.
Арсенал во изминатиот преоден рок покажа дека ја менува трансфер политиката, дека станува клуб кој може да потроши многу пари на еден играч, а тоа му одговара на Мурињо.
Се шпекулира дека Мурињо во Арсенал гледа интересен и предизвикувачки проект и би прифатил понуда да го води тимот.