Мурињо е решен местото во Лигата на шампионите да го брка преку триумф во Лига Европа, па на мечот против Арсенал ќе настапи со повеќе промени во почетниот состав.
Запрашан да одговори на изјавата на Венгер кој рече дека е подготвен да ги „закопа секирите“ со Мурињо, тренерот на Манчестер јунајтед изјави: „Не треба да го прави тоа бидејќи нема никаков проблем меѓу нас“.
„Во последниот меч на Олд Трафорд се ракувавме и пред почетокот и по крајот на натпреварот, се поздравивме и во тунелот одејќи накај пресот. Нема потреба од некое посебно примирје“.
„Во фудбалот сум цел живот, со некои имате проблеми на теренот, но следниот ден како ништо да не се случило“.
„Што се однесува до мене, немаме никаков проблем, мислам дека тој ќе биде навистина задоволен од мене бидејќи ќе направам промени во мојот тим против Арсенал, па мислам дека ќе биде навистина среќен“.
„Нема да одиме на Емирати и да им речеме „победете не“ или „победете не со 5-0, 6-0“, ќе одиме да се бориме за победа“.
„Но невозможно е да играм со истите фудбалери, имавме многу натпревари. Најважни ни е да бидеме свежи против Селта. Треба да покажеме хуманост кон фудбалерите“.
„Мислам дека натпреварот против Свонси беше нашата последна шанса за пласман во топ четири, па затоа ќе ги одморам фудбалерите, сега фокусот ни е на Лига Европа“.