Мурињо вели дека не ги побарал Дибала и Лукаку, но сака во Фенербахче да види фудбалер на Реал

by bojan
2 минути читање
Мурињо

Новиот тренер на Фенербахче, Жозе Мурињо вели дека не побарал трансфери на Пауло Дибала и Ромелу Лукаку, но нема ништо против да го ангажира Арда Ѓулер од Реал Мадрид.

Жозе Мурињо синоќа беше промовиран како нов тренер на Фенербахче, па веднаш почнаа да кружат гласини за тоа како би изгледал тимот под водство на „специјалниот“.

Се шпекулираше дека Португалецот веќе ги побарал Пауло Дибала и Ромелу Лукаку, со кого соработуваше во Рома.

Сепак, Жозе Мурињо попладнево го демантираше ова.

„Не сум заинтересиран за ниту еден играч на Рома. Слушам дека сум ги побарал Дибала и Лукаку, но нема вистина во тоа. Не ги сакам овие играчи“ – вели искусниот стратег.

Сепак, тој ја отвори вратата за враќање на талентираниот Арда Ѓулер од Реал Мадрид.

„Доколку Арда Ѓулер сака да се врати ан позајмица и Реал Мадрид плаќа 75% од неговата плата, тогаш би сакал да го имам во тимот Но млади играчи како Арда, преферираат да останат во голем клуб како Реал Мадрид и да играат против најдобрите“.

„Но ако тој сака да ја покаже својата љубов кон Фенербахче и изрази желба да дојде, нема да можеме да кажеме НЕ“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани