Мурињо вечерал со директорот на Арсенал, Емери е пред отказ!

by
1 минути читање

Арсенал нема прогрес под водство на Емери, а дополнително тој не е во добар однос со неколку важни играчи во тимот.

Според „Тајмс“, Мурињо вечерал со Санлехи и го импресионирал со неговите планови за составот.

Се верува дека Емери има уште само еден-два натпревари да си ја спаси работата, а смената може да се случи пред репрезентативната пауза на средината на ноември.

Арсенал синоќа на Емирати одигра само 1-1 против Волвс, по што уште повеќе се зголеми притисокот врз Емери.

Мурињо кој е без работа по отказот од Манчестер јунајтед, сака да се врати во игра. Тој ја преферира Премиерлигата, идеално за него би било да остане во Лондон каде што живее со својата фамилија.

Како стручен коментатор на Скај Спортс, Мурињо ја пофали промената на трансфер политиката во Арсенал кои дадоа голема сума за да го купат Никола Пепе. Таквите трансфери му одговараат на Португалецот.

Се верува дека на ангажман на Мурињо ќе се израдува и Месут Озил кој токму под водство на Жозе ја имаше својата најдобра сезона во Реал Мадрид.

Арсенал е под притисок што побрзо да го назначи Мурињо за нов тренер бидејќи за него опции се и Реал Мадрид и Тотнем кои исто така бележат променливи резултати, особено англискиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×