Мурињо „удри“ силно по Мојс и Ван Гал: Манчестер јунајтед не забележа никаков напредок под нивно водство!

by
1 минути читање

Под водство на Сер Алекс Фергусон, Манчестер јунајтед беше главна сила на „Островото“, но клубот не успеа да го повтори овој успех по заминувањето на Шкотот.

Дејвид Мојс на кормилото издржа само 10 месеци, а Луј ван Гал беше малку повеќе, односно две години и донесе титула од ФА Купот, но имаше очаен настап во Премиерлигата.

Потоа на жешкото столче седна Жозе Мурињо, кој во првата година донесе триумф во Лига Купот и Лига Европа.

„Другите клубови бележеа напредок, но не и Манчестер јунајтед. На сите полиња кои го прават успешен тимот, како да застанавме“ – вели „Специјалниот“.

„Тоа беше прилично празен период за клубот без напредок во важните полиња“.

„Врз играчите имаше голем притисок поради ова, исто и врз бордот па веројатно и сопствениците. Бидејќи кога сте навикнати да победувате и да победувате, и одеднаш ќе престанете, тоа е голем товар“.

„Денеска имаме подобри работни услови, подобар департман за медицина, подобар департман за анализа, подобар депарман за скаутинг, подобар департман за медиуми. Во најголемиот дел од случаите тоа го постигнавме без да ги промениме луѓето, што е многу важно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани