За дуелот со Њукасл, „Специјалниот“ по подолго време ќе може да смета на Пол Погба, Златан Ибрахимовиќ и Маркос Рохо, но остана без Фил Џонс.
Отсуството на Англичанецот е причина за Жозе Мурињо да удри по медицинскиот тим на ФА, откако дефанзивецот издржа само 25 минути на пријателскиот натпревар со Германија и поради повреда предвреме го напушти теренот.
„Менаџер сум од 2000, и во мојата 17 годишна кариера ниту еденш не сум видел играч да прими инекција за да игра на пријателски натпревар. Никогаш. Никогаш“ – вели Мурињо
„Не сум ангел, и јас сум давал наредби играч да добие инекција за да игра, но на официјални натпревари, на важни натпревари а не на пријателски дуел. Да добиете шест локални анестезии за да играте на пријателски натпревар, никогаш не сум слушнал за нешто вакво“.
„Но токму ова му се случи на Фил Џонс, тој издржа само 25 минути и сега нема да игра против Њукасл“.
„Ви ги кажувам фактите. Добил инекција попладнето пред натпреварот и не се чувствувал добро на загревањето. Па пред почетокот на натпреварот добил уште пет локални анестезии“.