Жозе Мурињо победнички ја почна кариерата во Тотнем, а Спарс прв пат се радуваат на гостински триумф во Премиерлигата по 20 јануари.
Мурињо извади офанзивна формација во својот прв меч за Тотнем, така и играше неговиот тим во најголемиот дел од натпреварот.
По неколку пропуштени напади, Сон во 36. минута постигна гол по додавање од Деле Али за водство на Тотнем од 1-0.
На две минути пред крајот на првото полувреме по една фантастична акција Лукас го зголеми резултатот на 2-0.
По само четири минути игра во второто полувреме Хари Кејн го зголеми резултатот и 3-0, тука веќе беше јасно кој ќе биде победникот.
Тотнем продолжи да игра во ист стил и покрај високото водство, но работите се променија во 73. минута кога Антонио намали на 3-1.
По дадениот гол Вест Хем како да доби крилја и конечно нападна, создадоа неколку шанси до крајот, а им беше поништен и гол.
Во 96. минута гол даде Огбона, но беше доцна за бод, веднаш по вториот погодок беше означен крај на мечот. Победа на Тотнем од 3-2.